22:52 - 13 ноември, 2026

„Не можев повеќе да ја издржам болката“: Бритни со нова објава на „Инстаграм“ по разводот од Сем

Бритни Спирс не губеше време да се врати на социјалните мрежи по објавената вест дека таа и Сем Асгари се разведуваат по една година брак.

Неколку часа откога повеќе медиуми објавија дека нејзиниот сопруг поднел барање за развод, Спирс се огласи на „Инстаграм“ за да сподели поинакви новости за својот живот.

Бритни во својата нова објава на „Инстаграм“ не ја спомнува разделбата, туку пишува за своите планови да купи коњ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)


„Набргу ќе купам коњ. Толку многу опции, што е тешко да се одлучам. Еден се вика Софи, а другиот се вика Роар“, напиша таа во описот покрај фотографијата на која јава коњ на плажа. „Не можам да се одлучам!!!“

Бритни ги праша фановите: „Дали да се придружам на трендот и да ставам розова каубојска капа“, што навидум алудира на популарниот моден тренд инспириран од кинохитот „Барби“.

Денес, пејачката на својот инстаграм  – профил сподели долг текст во кој изјави дека предолго била силна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)


„Како што сите знаат, јас и Хесам повеќе не сме заедно. Шест години се долго време да се биде со некого, па малку сум шокирана, но не сум тука да објаснувам зошто затоа што искрено тоа не е ничија работа. Сепак, не можев повеќе да ја издржам болката, искрено. Добивам толку многу пораки од пријатели кои ми го топат срцето и ви благодарам. Предолго сум силна и мојот Instagram можеби изгледа совршен, но тоа е далеку од реалноста и мислам дека сите го знаеме тоа. Би сакала да покажам емоции, солзи и како навистина го чувствувам тоа, но поради некоја причина секогаш морав да ги кријам моите слабости“, додаде таа.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....