21:13 - 16 јануари, 2026

Не е лесно да се соработува со Бијонсе! (ФОТО)

Триото „Дестинис Чајлд” од 90-тите години „ја запали” музичката сцена, а во неговиот состав беа Бијонсе Ноулс, Кели Роуланд и Мишел Вилијамс.

Тие траеја до септември 2005 година, а потоа членовите на групата објавија дека повеќе нема да продолжат на заедничкиот пат, туку дека ќе се испробаат во соло водите.

Заедно, тие имаат издадено четири албуми, освоија Греми и продадоа повеќе од 50 милиони копии на нивните ЦД-а и синглови.

Но, односите меѓу девојките не беа најсовршени, а како би биле кога една од нив беше Бијонсе. И целата приказна започна во ТВ-шоуто „The Voice Australia“ каде Кели Роуланд е ментор.

 

View this post on Instagram

 

#THROWBACKTHURSDAY Always serving looks ??☘

A post shared by Destiny’s Child (@destinyschild) on

Една од кандидатите неодамна ѝ се пожали дека стравува дека засекогаш ќе остане во сенката на нејзиниот постар брат, кој веќе се естаблира како пејач, откако во истата емисија во 2003 година победи во својата прва сезона.

Потоа пејачката го сподели своето искуство.

– Го знам тоа чувство… Можеш ли воопшто да си замислиш како е да бидеш во група со Бијонсе? Сите постојано ме споредуваа со неа, а потоа се измачував себеси со тоа што постојано размислував за тоа… Кога си во бенд со некој успешен како Бијонсе, започнуваш да ја преиспитуваш секоја одлука што ја донесуваш, се сомневаш во себе … честопати мислев, „не можам да го носам овој фустан затоа што ќе речат дека сакам да бидам како Б, не можам да ја снимам таа песна затоа што звучи премногу како Б…” На крајот сфаќаш – без разлика што правиш, тие сепак ќе ме споредуваат. За време на тие десет години во групата, се чувствував непријатно, би излажала ако речам дека воопшто не ми пречело – кажа искрено Кели.

Но, тоа не значи дека девојките не се во добри односи сега. Тие се сè уште многу блиски денес, и сите се сеќаваме кога бендот повторно се обедини во 2018 година на популарниот фестивал Коачела.

Слични објави

Фризерот на Цеца откри шокантна вистина за ѕвездите од естрадата: „Секоја втора е ќелава!“

Еспресо

Емина Јаховиќ го прослави роденденот во Турција: Деталот на тортата привлече големо внимание

E.A.

Братот на Рада Манојловиќ го претепале! Во кафеана добивал ќотек, па завршил како алкохоличар

Еспресо

Објавата на синот на Халид Бешлиќ ги крши срцата на многумина: Дино не може да ја преболи смртта на својот татко

E.A.

„Хана доби шлаканица од мене!“: Наташа Беквалац ги откри деталите за кавгата со својата ќерка

Еспресо

Фановите во шок: Николија и Реља повторно се пријатели на социјалните мрежи

E.A.
Се вчитува....