4.8 C
Скопје
04:43 - 2 октомври, 2026

„Нашата нова животна сила“: Јелена Јованова објави фотографија од синчето и го откри неговото име

Македонската актерка Јелена Јованова повторно стана мајка во понеделникот (16.9), кога на свет го донесе својот втор син.

Актерката одлучи да ја чува и втората бременост во тајност, па среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, повторно станале родители ги изненади нејзините обожаватели. Да потсетиме, познатата двојка го доби синот Јаков во јуни 2020 година.

Сега Јованова објави фотографија од својата втора бременост и фотографија од момчето, а воедно и го откри неговото име.

„Нашата нова животна сила. Тома. 16.9.2024“, напиша актерката во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Јелена Јованова
Фото: Инстаграм/Јелена Јованова

Да потсетиме, Јелена Јованова и Стјепан Периќ се запознаа за време на снимањето на серијата „Тајни“ (2013), која доживеа голем успех во Хрватска, но и во целиот регион.

Јованова и Периќ стапија во брак во ноември 2015 година, а свадбената прослава ја направија во Загреб.

Во интервју за „Слободен печат“, актерката проговори за тоа како таа и нејзиниот сопруг прават баланс меѓу кариерата и родителството.

„Познавајќи ја природата на нашата работа, што бара таа, работното време што не е стандардно – сигурно ќе донесеше поголем предизвик да не го делев животот со човек што е од истата бранша. Не само од аспект на родителство. Нам сѐ уште ни успева да се следиме еден со друг каде и да нѐ носи работата. Свесно го правиме тој избор. Не ми се допаѓа кога ќе слушнам како мајката го фали таткото дека ѝ помагал со децата. Нема што да помага. Погрешна е перцепцијата. Едноставно детето е и негово и обврските се еднакви. Се трудиме да бидеме рамноправни членови во секој сегмент, секој да го испочитува сопственото слободно време, но да си го дозволиме и заедничкото“, изјави таа.

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....