13:14 - 12 март, 2026

Најплатената проститутка во Америка ја тужи државата бидејќи не може да работи

„Одлуката на гувернерот да ги затвори борделите е дискриминација на сексуалните работнички“, вели Алис Литл.

Црвенокосата Алис Литл, која е највисоко платена проститутка во Америка, одлучи да ја тужи државата Невада, заради одлуката, поради пандемијата на коронавирусот, да се затворат борделите, кои се легални таму.

Алис досега собрала повеќе од 40.000 долари од своите обожаватели на платформата GoFundMe за нејзините судски трошоци.

Instagram

Големата тужба е покрената откако гувернерот на Невада, Стив Сисолак ги исклучи јавните куќи од установите за „близок контакт“, на кои им дозволи да се вратат на деловната активност, како дел од напорите за повторно отворање во фазата 2 во мај, објави „Њујорк пост“.

Одлуката на гувернерот да ги затвори борделите е дискриминација на сексуалните работнички – соопштила 30-годишната Алис.

Со затворањето на борделите, трпат големи загуби

По потекло е од Ирска, а Алис на Инстаграм ја следат стотици илјадници луѓе, а работела во борделот „Мунлајт Бани ранч“, кој беше затворен во март поради пандемијата. Една година порано, таа заработувала и до милион долари годишно, како што рекла.

Алис тврди дека сексуалните работници претрпеле огромни загуби оваа година во Невада, моментално единствената американска држава каде што проституцијата е легална. Таа, исто така, истакнува дека државните мерки за помош на претприемачите ги опфатиле сите, освен жените и мажите што се занимаваат со најстариот занает на светот.

Гувернерот на Невада неправедно ги затвора легалните бордели додека истовремено дозволува да работат другите салони и установи, какви што се салоните за масажа, спа-центрите и козметичките салони за убавина“, напишала Алис Литл.

Стив Сисолак/Profimedia

Училиштата се поважни од борделите

По повод тужбата на Алис, се огласил и прозваниот гувернер Сисолак, велејќи дека проституцијата во моментот не му е приоритет.

Мора да размислиме за враќање на децата во училиштата, тоа е поважно во моментот отколку да ги враќаме луѓето во борделите. И тоа ќе го сториме со текот на времето, но не во блиска иднина – рекол гувернерот.

Ги префрлиле своите услуги на интернет

Алис не е единствената која е погодена од новите мерки. „Њујорк пост“ заклучува дека многу сексуални работници поради пандемијата морале да ги префрлат своите деловни активности на интернет и на платформите како што е веб-страницата OnlyFans, а една девојка за придружба ги понудила своите услуги во замена за намирници и картички за подароци.

Слични објави

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо
Се вчитува....