Канскиот фестивал оваа година ни покажа низа разголени стајлинзи, едно запросување, но најголем впечаток остави актерот Нилс Шнајдер и неговиот кавалерски гест.
На премиерата на филмот „Sybil“ сите погледи биле насочени кон овој млад пар, кога Шнајдер на својата девојка ѝ помогнал да ја заврзе врвката на сандалата, бидејќи Вирџинија Ефири поради претесниот фустан не можела да се наведне.
И додека на повеќето мажи би им било срам да го направат тоа, особено пред објективите на црвениот тепих, Шнајдер покажал дека џентлменството сè уште постои и без размислување ѝ помогнал на својата девојка.