16:49 - 11 ноември, 2026

Наградуваниот хрватски актер пријавен за насилство: Тврдат дека пијан и дрогиран ги навредувал студентите

Актерот и професор на Академијата за уметност и култура во Осиек, доцент Домагој Мркоњиќ, минатата недела поднел оставка во екот на дисциплинската постапка кој е покрената против него поради сериозни обвинувања за насилно и недолично однесување.

По оставката, постапката веднаш била прекината, како што налагаат прописите на Универзитетот Јосип Јурај Штросмајер во Осиек.

Мркоњиќ по име и презиме бил пријавен кај властите на Академијата од лице чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата на хрватската „Телеграм“.

Во пријавата се наведени повеќе ситуации во кои доцентот бил под дејство на алкохол и опојни средства додека имал интеракција со студенти, а детално се опишани сцени на физичко насилство врз ученици, омаловажување, навреди и закани.

Во 2013 година, Мркоњиќ дипломирал на Академијата за уметности во Осиек, магистрирал театарска уметност со фокус на глума и кукларство. Од 2014 година работи како асистент на постдипломски студии по глума и кукларство на истата академија.

Тој се истакнал во филмот „ЗГ80“ од 2016 година, каде го толкувал ликот на Жути. Тој, исто така, глумел во серии како „Тишина“ (2023), во режија на Далибор Матаниќ и во која го глумел Михаил Миха Јањиќ и „Хотел Портофино“ (2023), во која го толкувал Рафаел.

Покрај актерството, Мркоњиќ се занимава и со продукција и пишување. Еден од неговите неодамнешни проекти е серијата „Тетка“, комедија која обработува теми како што е будната култура, чија премиера беше во јуни 2024 година.

За својата работа добил награди, меѓу кои и Наградата на хрватското глумиште за најдобро уметничко остварување во категоријата драма, за споредна машка улога.

 

 

Слични објави

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо
Се вчитува....