13:53 - 6 април, 2026

На српската пејачка Бресквица ѝ е забранет влезот во Косово, откажан настапот во Митровица

На српската пејачка Анѓела Игњатовиќ – Бресквица ѝ е забранет влез на Косово, поради што е откажан нејзиниот вечерен настап во Косовска Митровица, објави еден белградски медиум.

Според достапните информации, пејачката била запрена од припадници на косовската полиција и вратена од административниот премин, но причините за забраната засега не се познати.

Бресквица им се обрати на своите фанови кои ја очекуваа на концертот.

„Од срце ви благодарам што издвоивте време да дојдете вечерва, да се дружиме и пееме заедно. За жал, мојот бенд и јас не успеавме да го поминеме административниот премин и вечерва нема да можеме да настапиме, но сигурна сум дека наскоро ќе се видиме и ќе ве известам за нов датум“, порача таа.

Настапот во Северна Митровица го организирала Српска листа, а потврдено е дека наместо Бресквица ќе настапи пејачот Боба Ракиќ.

Потсетуваме, Бресквица минатата година се натпреваруваше на српскиот избор за Песна за Евровизија со песната „Гнездо орлово“. Нумерата предизвика реакции бидејќи некои сметаа дека има политичка порака поврзана со Косово, но пејачката ги отфрли тие тврдења.

Слични објави

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin
Се вчитува....