19.8 C
Скопје
15:37 - 12 март, 2026

На Шакира ѝ се закануваат 8 години затвор за затајување данок во Шпанија

Обвинителството на Барселона побара за пејачката Шакира 8 години и два месеци затвор во случајот за затајување данок. Од пејачката се бара и да врати над 23 милиони евра во форма на парична казна, пишуваат шпанските медиуми.

Потсетуваме, пејачката е обвинета за неплаќање данок на шпанската држава. Адвокатите на пејачката изјавија дека нема директни докази дека Шакира поминувала повеќе од 183 дена годишно во Шпанија.

Според законодавството на земјата, поединецот автоматски станува даночен резидент доколку поминал повеќе од 183 дена во земјата, а лицето е должно да плаќа даноци, вклучително и за приход добиен во странство.

Пејачката инсистира дека поголемиот дел од времето не живеела во Шпанија, туку на Бахамите. Државното обвинителство сепак, го потврди даночниот долг во износ од околу 14,5 милиони евра.

Претходно пејачката одби договор во случај на неплаќање данок. За да избегне судење, шпанското обвинителство и понудило на Шакира да плати парична казна. Таа сепак одлучила дека договорот не е во нејзин интерес.

Шакира беше во врска со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике од 2011 година и имаат две деца. Двојката неодамна објави дека се разделува.

Слични објави

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin
Се вчитува....