8.8 C
Скопје
19:58 - 11 март, 2026

„На Инстаграм е ангел, а во живо…“: Босанскиот актер ги „исплука“ естрадните дами со претерани естетски интервенции

Драган Маринковиќ Маца, познат по својата директност и без влакна на јазикот, повторно ја возбуди јавноста со своите коментари, овојпат насочени кон жените од естрадата кои, според него, претеруваат со естетските корекции.

– Сме стигнале до болно ниво. Ги сакам жените, нашите жени се прекрасни. Но, постојат два периода – пред и по Исус Христос, и пред и по Инстаграм. Жалосно е што по 107 операции, повторно ставаат филтри. Значи, пак не се задоволни од себе. Зошто тогаш филтер? Немам ништо против естетските интервенции, и јас понекогаш си се боцкам. За неколку месеци ќе треба да се затегнам, тоа е нормално. Спијам по коли, нормално е да изгледам збрчкан – изјави Маринковиќ.

Тој додаде дека честопати ги гледа жените кои доаѓаат на кастинзи, а разликата помеѓу нивниот изглед на социјалните мрежи и во живо е шокантна.

– На Инстаграм „горат“, изгледаат како ангели, а во живо – гробница. Не можеш да ја гледаш, не дај боже никому. Пластичната хирургија е многу потребна – ако имаш мали или преголеми гради, крив нос, клепнати уши, тоа ти смета, најди доктор, плати и среди се. Но, ако се стремиш кон некаков совршен идеал – никогаш нема да го достигнеш. Не треба сè да биде совршено – тогаш кој е смислата на животот? – изјави тој.

Маринковиќ е во брак со атрактивната Јована, која е дваесет години помлада од него. Таа е фризерка по професија, а за кратко време се омажила за познатиот водител, иако тој претходно изјави дека никогаш повеќе нема да стапне пред матичар по разводот од неговата поранешна сопруга.

Јована често објавува фотографии на социјалните мрежи, а нивната врска е честа тема во медиумите.

Покрај коментарите за естетиката, Маца неодамна предизвика реакции и со своите ставови за ЛГБТ заедницата.

– Немам проблем со никого, освен со тие „лажни варијанти“. Бев на „Ла Парада“, на геј камиони, во геј клубови – тоа не ми пречи. Но овие нови појави… тоа ми е веќе премногу – рече тој, оставајќи простор за уште една полемика во јавноста.

Слични објави

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо
Се вчитува....