5.8 C
Скопје
07:28 - 1 април, 2026

Миле Китиќ најави проштални концерти ширум Балканот по повод 50 години кариера

Познатиот пејач Миле Китиќ за српскиот медиум Пинк проговори за големите планови што ги има за наредната година, а по тој повод откри дека подготвува серија концерти ширум Балканот, кои воедно ќе бидат и проштални концерти по повод 50 години од неговата богата музичка кариера.

„Сè уште сакам да работам, одамна мислев да престанам да пеам, пред пет, десет години. Луѓето сè уште ме бараат, важно е да сум здрав и да немам проблеми со пеењето и луѓето да ме сакаат и бараат. Во времето на корона јас одмарав, ние над 65 не смеевме да излеземе, па седев дома и пиев ракија. За 50 години, ако не сум заработил доволно за да го поминам остатокот од животот како што треба, тогаш не сум успешен, но сепак сакам да работам“, вели Китиќ и открива дека има големи планови за кариера за 2025 година.

„Ѝ должам на мојата публика и имам намера да направам серија концерти во следната година – Белград, Сараево, Загреб, Ниш, Софија… Тоа е мојот план за 2025 година, да одржам концерти, а ако ме бараат во клубовите, ќе видиме дали ќе бидам добро расположен. Ќе направам проштален концерт по повод 50 години“, откри тој.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....