14.8 C
Скопје
03:09 - 2 мај, 2024

Миа Костова: Пази ти, доктор на науки изјави дека „природниот имунитет не важи, важи само оној од вакцина“!

Позната македонска водителка, а денес актуелна инфлуенсерка, Миа Костова, секогаш зборува отворено пред своите следбеници на бројни теми, споделувајќи го своето мислење пред македонската јавност.

На својот фејсбук – профил Миа се огласи со свој став по повод новите ограничувања кои ќе важат за сите граѓани кои не се вакцинирани и ефикасниста од вакцинацијата, како и по споделеното искуство на нашата позната писателка Ксенија Николова.

<

Вчера го гледав „лајвот“ на Ксенија Николова која во моментов е во изолација невакцинирана и позитивна на ковид. Накусо, цитирам: ‘се заразив од другарка со која пиевме кафе во домашни услови, затоа и немавме маски а дополнително се чувствував безбедна зошто другарка ми е вакцинирана со две дози.’ И сега, другарка и со сертификатот влегува секаде пред да знае дека сее ковид со две дози вакцина а Ксенија тазе прележана кога ќе излезе од карантин нема да може да влезе никаде.

Пази ти, доктор на науки изјави дека „природниот имунитет не важи, важи само оној од вакцина“

Па јас колку што знам дете вакцинирано од ммр може да фати сипаници и да ги прележи со полесни симптоми. Дете кое природно лежело морбили НИКОГАШ повторно не може да се зарази. Ама не е исто нели? Ова друго е.

И уште еднаш за сите портали и твитови! Антиваксер не сум колку што сакам да видам зошто се вакцинирам?

Најбитниот став на оние кои предлагаат вакцинација а тоа е ‘да се спречи понатамошна зараза’ падна во вода. Ем се заразуваат ем 100 посто пренесуваат. Ама мал процент биле тие со тешки клинички слики. Е па ако е мајка ми таа со две вакцини и ако заврши на машина вас ќе ви е статистика мене ми е 100 посто.

Наместо да воведете мерки на време и да не биде друга држава Тетово кај што на пример и даље ќе се иде по кафани и ќе има свадби и не смеете да им припарите, Скопските локали нема да работат со минималниот процент вакцинирани (млади, зошто поголем процент се возрасни кои и онака не одат по локали) или ќе стават клуч на врата за 2 месеци ако ова вака продолжи. Би требало и угостителите да размислат на темата, а не да почитуваат небулозни мерки.

Крајно после првите информации околу тоа колку вакцините вршат своја работа ме радува фактот што сѐ повеќе читам статуси на вакцинирани кои не се баш најсреќни што се ‘заштитени’ затоа што факт- не се.

За тоа кои ќе бидат последиците од сѐ ова ќе видиме за две три години како со Гардасилот кој беше обавезен за да биде повлечен откако остави сакати млади девојчиња во првите две год од примање на истата ( една од жртвите е и мојата родена сестра која за среќа заврши само со она од што е вакцинирана)

И да уште нешто, кога се избори рековме? – стои во статусот на Миа.

 

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....