02:07 - 11 ноември, 2026

Метју Меконахи се правда откако Кејт Хадсон рече дека лошо се бакнува

Instagram

Му требаше некое време веројатно да се опорави од првичниот шок кога неговата колешка, актерката Кејт Хадсон рече дека бакнежот со него е еден од најлошите кои ги доживеала на филмското платно, но сега Метју Меконахи ги најде вистинските зборовите и се обиде да се одбрани пред фановите.

Тие заедно глумеа во филмот „ How to Lose a Guy in 10 Days“ и постигнаа голем успех со него. Многумина сè уште ги паметат љубовните сцени во оваа романтична комедија, а самиот филм со години се емитуваше на разни телевизиски канали.

Сепак, според Кејт Хадсон романтичните сцени кои освојуваат во филмот и го прават Метју Меконахи посакуван во очите на жените, не биле баш вистинско задоволство и за неа.

Имено, таа го спомена неговото име како личност со која го доживеа најлошиот бакнеж на филмското платно, а сега и Меконахи проговори за истата тема, велејќи дека бакнежите меѓу колегите актери никогаш не се идеални.

Instagram
Instagram

Тој рече дека токму во сцената кога требало да ја бакне Кејт, сè било против него. Брановите на океанот, влажните тела, солената вода, не му оделе во прилог.

„Само што сте скокнале од хеликоптер. Вие сте сред океан. Одите под вода, потоа стапувате во акција, влегувате во вода и излегувате од водата да земете воздух“, рече Меконахи и додаде: Драго ви е што сте жив!

Instagram

Покрај сето тоа, Метју се сети дека морал да ја повтори токму таа сцена најмногу пати. Поради комплексноста на сцената, филмската хемија меѓу него и Кејт едноставно исчезнала.

„Постојано имаше елементи што дополнително ни отежнуваа да ја завршиме таа сцена“, заклучи славниот актер кој многумина го опишуваат како голем заводник во Холивуд.

Интересно е што токму на снимањето на филмот во Австралија во 2003 година Метју ја запозна својата сегашна сопруга Камила Алвеш.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....