9.8 C
Скопје
12:42 - 1 април, 2026

Меланија Трамп за прв пат со лош избор на капут: Фановите и модните критичари разочарани

Instagram

Меланија за многу кратко ќе треба да се прости со титулата прва дама на САД, но ќе остане запаметена по нејзините елегантни и гламурозни модни комбинации. Сепак, последниот капут што го носеше на новогодишната ноќ предизвика лавина од негативни коментари.

Instagram
Instagram

Во пресрет на влегувањето во 2021 година, Меланија и нејзиниот сопруг се вратија во Вашингтон од Флорида, и додека излегуваа од авионот „Air Force One “ и прошетаа низ тревникот на Белата куќа, таа за прв пат ја разочара јавноста со својот избор на капут.

Коментарите веројатно беа очекувани бидејќи сите нејзини капути кои ги носеше изминатиов период совршено ја истакнуваа нејзината завидна фигура, а овојпат Меланија се одличи за нешто поинакво.Profimedia

ProfimediaСтанува збор за модел на капут попознат како „Bubble“ на модна куќа „Balenciaga“ која ја прифати естетиката на волуменозните капути и во претходните неколку сезони под водство на креативната директорка Демна Гвасалија.

Сивиот капут изработен е мешавина од волна со кариран дезен се истакнува првенствено со преголемиот волумен, а Меланија го искомбинира со црни чизми, ракавици и очила.

Instagram
Instagram

Чизмите до колена се дело на модната куќа „Dior“ и се продаваат по цена од околу 1.300 евра, ракавиците ги потпишува познатата италијанска марка „Bottega Veneta“, а омилените очила на Мелани се од француската куќа „Saint Laurent“, пишува „Т-портал“.

Instagram
Instagram

Модните критичари се едногласни околу овој моден избор и дека естетиката што „Balenciaga“ моментално ја пласира не одговара на стилот на Меланија, па и покрај бројните нејзини незаборавни модни изгледи, овој пат поранешната манекенка доби многу негативни коментари.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....