08:32 - 7 април, 2026

Марија Шерифовиќ завршила на итна помош поради диета: „Мислев дека нема да преживеам“

Пејачката Марија Шерифовиќ драстично ослабела, но платила скапа цена – едно неразумно придржување до строга диета ѝ го загрозило здравјето.

Во пресрет на снимањето на спотовите за својот последен албум, Марија 22 дена била на екстремна диета. Проблемите почнале веднаш по првото „отстапување“ од строгото мени.

„Првиот спот што го снимавме беше со Матија Цвек за песната ‘Пола сонце’. Нашите пријатели донесоа кетеринг, а тие имаат фантастични уштипци. Изедов еден. Стигнав дома, а следното утро веќе снимав нов спот“, раскажа таа.

Ноќта ја разбудиле силни болки во стомакот.

„Заспав околу 23 часот, а околу еден по полноќ се разбудив од страшни болки. Повраќав, отидов на ноќна дежурна служба, ми ставија инфузија, клометол… Не знам ни што сè ми направија. Бев бледа како чаршав. Тоа беше можеби еден од најтешките денови во мојот живот. Мислев дека нема да преживеам“, искрено призна Шерифовиќ.

И покрај сè, таа сепак се појавила на снимањето.

„Мораше да се снима, не сакав да ги одложувам обврските“, вели таа, упатувајќи сериозна порака: „Не правете вакви грешки со вашето тело.“

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....