15:05 - 6 април, 2026

Марија Шерифовиќ откри детали за своето потекло: „Луѓето ги делам само на добри и на лоши“

Српската пејачка Марија Шерифовиќ искрено проговори за своето семејно потекло и ставовите за верските и националните поделби, истакнувајќи дека единствената поделба што ја признава е – дали човек е добар или лош.

Во интервјуто таа откри дека нејзината баба била христијанка од Крагуевац, додека дедо ѝ бил муслиман. Според неа, токму тој спој на различности ја научил дека верските и националните разлики не треба да создаваат бариери меѓу луѓето.

„Јас презирам какви било поделби. Мојата баба беше родена во Шумадија и му се молеше на Исус Христос. Од другата страна, дедо ми беше муслиман, човек што му се молеше на Алах. Не ги делам луѓето воопшто – само на тоа дали си добар или си ѓубре“, рече Шерифовиќ, додавајќи дека токму музиката треба да ги спојува народите на Балканот.

Пејачката се осврна и на загубата на својот татко, Рајко Шерифовиќ, кој неодамна почина. Марија сподели трогателни спомени и му упати последна порака, нагласувајќи дека меѓу нив постоела тивка, но силна љубов.

„Сигурна сум дека никој никогаш потивко, а повеќе не ја сакал својата ќерка. Сè што некогаш недостигало одамна е порамнето. Продолжуваш да живееш преку мене, затоа што го носам најдоброто од тебе“, напиша таа во емотивното обраќање.

Шерифовиќ откри и дека дедо ѝ оставил длабока трага во нејзиниот живот, како и дека нејзиниот синoвен однос со татко ѝ, со кој имала сложен, но искрено приврзан однос, ја оформил како личност.

Со порака за почит, единство и разбирање, пејачката апелира дека Балканот има потреба од повеќе заедништво, а помалку поделби.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....