27.8 C
Скопје
18:37 - 19 септември, 2026

Попоски: Нови врнежи од дожд и од снег, еве кога

Утре во утринските и раните претпладневни часови во јужните и во југозападните предели од Македонија ќе има нови врнежи кој ќе бидат претежно од СНЕГ. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Потоа ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО утро и тоа поради намалувањето на облачноста ќе имаме во петок кога минималните температури на МНОГУ МЕСТА ќе се спуштат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Ќе има појава на УМЕРЕН мраз.

Краткотрајно стабилизирање на времето ќе имаме во петок, додека за време на викендот ќе има нови повремени врнежи од дожд на повеќе места. На планините над 1300 – 1400 м.н.в ќе има нови врнежи од СНЕГ.

Максималните дневни температури и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени во најтоплите централни и југоисточни предели од државава. Исто така утре особено Долж Повардарието ќе дува повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.

Во Скопје и околината очекуваме посуво време, додека нови повремени врнежи од дожд се очекуваат од викендот. Утре ветерот од северен правец повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и 1 степени, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 13 степени.

Според моментално достапните метео анализи, за вистинска пролет и понатаму ќе чекаме, што значи продолжува долгиот период со потпросечни температури на воздухот, но и поќести врнежи од дожд и снег – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

(Фото) Вистинска оаза и луксуз – вака изгледа вилата на Едита Арадиновиќ каде што ќе живее со својата ќерка

Еспресо

Напиша 5 збора и доби 100.000 евра – oва е песната што ѝ донесе богатство на Марина Туцаковиќ

Еспресо

Харис Џиновиќ за провокативните фотографии на Џина: „Не треба да се фотографира како старлета“

Еспресо

Луксузната вила на Николина Пишек во Загреб има нов сопственик? Позната инфлуенсерка го покажа препознатливиот ентериер

Еспресо

(Фото) Сузана Гавазова во бикини покажа како ужива на егзотична дестинација

Еспресо

(Фото) Македонката Нора, која се прослави во „Задруга“, наполни 33 години — денес ужива во брачниот живот

Еспресо
Се вчитува....