19:37 - 4 април, 2026

Македонија нема да учествува на Евровизија 2023

Македонската радио-телевизија, со официјално соопштение до јавноста, ја потврди информацијата дека Македонија нема да учествува на Евровизија 2023, што ќе се одржи во Обединетото Кралство.

„Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на Евровизија 2023, којашто до минатата година изнесуваше 39 143 евра, а идната година се очекува да биде повисока. Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, каде што се одржува Евросонг 2023“, велат од МРТ за Слободен печат.

Исто така, оттаму известија дека МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата – двете полуфинални вечери и големото финале.

„МРТ се надева дека состојбата ќе се стабилизира, по што земјава повторно ќе се врати со учество на Евровизија во 2024 година“, велат оттаму.

Слични објави

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката по сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо
Се вчитува....