7.8 C
Скопје
05:54 - 2 април, 2026

ЛОКУМЧЕ: Сите луди за Урсула, но која е сензуалната девојка?

Која е Урсула Корберо? Актерката е најпозната по улогата на Токио во мегапопуларната ТВ серија „La Casa de Papel” (Money Heist) во продукција на Нетфликс, која на 3. септември се врати со петтата сезона.

Зборуваме за успешна шпанска актерка, родена на 11 август 1989 година во Барселона, со висина од 1 метар и 63 сантиметри. До пред да стане полнолетна, живеела со мајка ѝ Естер и сестра ѝ Маника. Уште од рана возраст Урсула Корберо сфатила дека нејзината страст е глумата. На 6 годишна возраст се пријавила на оглас за мала улога, на 12 години започнала со часови по дикција. Првата слава ѝ ја донела улогата во популарната серија „Mirall trencat“, во 2002 година, на само 13 годишна возраст. Следуваат бројни други телевизиски, театарски и филмски улоги.

Што се однесува до приватниот живот на Урсула, има момче – актерот, Чино Дарин, кој го запознала на сетот на ТВ серијата „Амбасада“. Заедно се од 2016 година и затоа фановите треба да се откажат од сонот да ја видат со актерот кој го игра Рио, Мигел Херан.

Како што можевме да видиме во „La Casa de Papel“,  но и на нејзините профили на социјалните мрежи, физичкиот изглед на Урсула е беспрекорен. Актерката има совршено тело, а нејзината фризура ја прави уникатна.

Само на својот Инстаграм профил таа има над 28.7 милиони следбеници. Во нејзиниот опис сама си напишала дека е „актерка со име на вештерка“, но далеку е од тоа. Напротив, европската публика е толку луда по неа, што каде што таа и да се појави со сласт се пренесува нејзиниот сензуален изглед.

Уверете се сами.

ФОТО – Инстаграм 

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....