14:43 - 7 април, 2026

Лидија Вукиќевиќ се ишишала „на кец“: Згодната актерка сите ги шокирала со својата одлука!

Лидија Вукиќевиќ

Лидија Вукиќевиќ, една од најпрепознатливите актерки на просторите на поранешна Југославија, е позната по својата бујна и прекрасна коса, која со текот на времето стана нејзин заштитен знак. Сепак, еднаш ја шокираше јавноста со радикален потег – целосно ја ишиша својата коса.

„Кога ја започнував кариерата, се снимаа партизански филмови, а јас многу сакав да глумам партизанка. Но, тоа беше невозможно поради мојата густа коса, која не можеше да се сплете во плетенки“, се присети Вукиќевиќ.

Таа откри и како дошло до овој неочекуван потег: „Еден ден, додека седевме на ручек, мајка ми рече: ‘Направи нешто со таа коса!’. Јас веднаш отидов во бањата и целосно се ишишав. Кога ме виде, беше во шок, не можеше да поверува што направив“

Иако денеска е славна по улогите како Виолета Попадиќ во серијата „Бољи живот“ и Лилика во „Жикината династија“, нејзиниот пат до успехот не бил лесен.

„Почетоците ми беа најтешки, сакав да докажам дека сум повеќе од „згодна бринета“. Во својот прв интервју изјавив: ‘Јас сум актерка со мозок’. Најважно ми беше да стекнам почит и среќна сум што во тоа успеав“, искрено вели Вукиќевиќ.

Таа откри и дека еднаш ја одбиле за улога поради одбивањето да се соблече.

„Не велам дека актерката не треба да се соблече. Но, тоа мора да има оправдување во приказната на ликот. Кога тоа е неопходно за улогата, не го гледам како понографија, туку како дел од карактерот. Сепак, ако станува збор за маркетинг и привлекување публика, тогаш тој филм не е за мене“, изјави Вукиќевиќ.

Слични објави

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin
Се вчитува....