11.8 C
Скопје
18:47 - 14 март, 2026

Кортни Кардашијан објави текст за автосексуалноста: Дали знаете што е тоа?

Instagram

Кортни Кардашијан веќе извесно време ја води страницата „Poosh“, каде што поставува разни текстови, претежно теми се поврзани со начинот на живеење. Сепак, текстот за автосексуалноста предизвика најголемо внимание кај нејзините обожаватели.

Instagram
Instagram

„Дали сте автосексуалец? Накратко, одговорот е веројатно да. Сите сме малку “, гласи почетокот на статијата. Терапевтот и автор Кејси Танер зборуваше за автосексуалноста за страницата на Кортни и откри дека тоа е одлика когa „некое лице го привлекува сопствената еротика“.

„Иако мастурбацијата е пример, автосексуалноста може да се прошири надвор од сексуалното однесување, вклучително и чувство на копнеж или желба за себе. Може да биде и способност да почувствувате сексуална желба преку визуелизирање, допирање или мирисање“, изјавила Танер за „Poosh“.

Терапевтот додаде дека автосексуалноста е со широк спектар и дека повеќето луѓе се некаде на тој спектар.

Instagram
Instagram

„Некои се исклучиво автосексуалци и тоа е нивната сексуална ориентација, додека повеќето ја комбинираат со секс со партнер“, вели таа.

„Тоа може да значи носење секси долна облека. Исто така, може да значи дека ја правите косата и шминката чиста за да се чувствувате добро, дури и кога сте во долга моногамна врска, и покрај тоа што другата страна тоа скоро и да не го забележува“, објаснува таа.

„Многу луѓе се спротивставуваат на автосексуалноста, плашејќи се дека е нарцисоидна или дека може да го наруши сексот на партнерот. Во реалноста, автосексуалноста може да биде здрав, дури и вреден дел од вашиот сексуален живот “, нагласи таа.

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо
Се вчитува....