8.8 C
Скопје
12:17 - 1 април, 2026

Која е Камила Васкез? Во светот полн со Меган Марклки и Амберки ни требаше нов модел на жена

Камила Васкез има колумбиско потекло, а студирала во Калифорнија. На социјалните мрежи таа е веќе ѕвезда, а фановите навиваат да биде – ако се уште не е – дел од љубовната приказна на Деп. На директното прашање дали има нежност меѓу неа и актерот, таа одговори со смеа. 

Како кавгите од бракот на Џони Деп и Амбер Херд, во комплет со ВИП личностите кои сведочеа, да не биле доволно сочни за озборувања, пристигнува ново озборување. Протагонистка е Камила Васкез која е дел од адвокатскиот тим кој го брани Џони Деп. Има и такви кои имплицираа дека нејзината улога не е ограничена само на правни прашања, туку дека има нешто нежно меѓу неа и актерот. Социјалните мрежи веќе ја избраа за своја миленичка.

Родена во Сан Франциско во 1984 година, во колумбиско и кубанско семејство, Камила Васкез дипломирала комуникации и политички науки на Универзитетот во Јужна Калифорнија, а потоа посетувала правен факултет во Лос Анџелес. Од 2010 година таа е соработник на адвокатскиот тим Браун Рудник: Васкез е специјализирана за случаи на клевета.

„Луѓето сакаат да знаат, дали се забавувате со Џони Деп? “ ја праша новинарот на ТМЗ. Нејзиниот одговор беше само смеа. Нејзините блиски велат дека нема ништо конкретно меѓу неа и глумецот, дека сето тоа е измислено на социјалните мрежи, но сепак, оборувањата стануваат се погласни. Се појавија онлајн и романтични видеа од двајцата на ТикТок, но и на други мрежи со хаштаг #CamilleVasquez.

Фановите на Деп многу ја ценат, поради нејзиното агресивно однесување во судницата. Посебно им се допаѓаат постојаните приговори кои се покренуваа против поранешната сопруга на актерот: пред се сеќавањето на неуспехот да се донира милиоска сума во добротворни цели. Темната коса и решителниот став ја прават адвокатката уште попривлечна. Фановите пак, навиваат за нова љубовна приказна во животот на Деп, и уште подобро ако жената на неговиот живот стане токму Васкез.

Не дека немаше ѕвезди на ова судење, но новата ѕвезда секогаш е попривлечна.

„Сè уште сум обожавател на Деп, но сега сум обожавател и на Камила Васкез“, пишуваат некои фанови на Интернет.

Видеата со неа пак, достигнуваат 30 милиони прегледи, а има и такви кои веќе направиле (и носат) маици со нејзиното име.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

msp-admin

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....