12:21 - 8 април, 2026

Кога не можеме да пееме, тогаш ќе се сликаме: Фолк-пејачката Татијана Стефановска ги изненади обожавателите! (ФОТО)

– Кога не можеме да пееме, тогаш ќе се сликаме – низ шега вели познатата фолк-пејачка Татијана Стефановска, која за своите обожаватели подготви неколку „интересни“ фотки.

Нејзиниот коментар се должи околу кризата со коронавирусот, кој најмногу ги погоди токму музичарите. Тие сè уште немаат дозвола да почнат со работа, па за тоа како што изјави пејачката, не им останува ништо друго, освен да се сликаат.

Стефановска во соработка со Кристијан Белеза направи неколку жешки фотографии, кои ги објави на социјалните мрежи. Таа позира во виолетово палто под кое не носи градник и токму поради тоа глетката е „магична“.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Инаку атрактивната пејачка беше доста активна пред коронавирусот. Таа во јануари ја објави песната „Избери“, додека во март публиката ја почести со уште една песна која носи наслов „На свадба ми дојдоа“.

– Едвај чекам да заврши оваа криза, па да се вратиме во нормалниот живот, а со тоа и да продолжам со тоа што најдобро го знам да го работам – ни изјави познатата пејачка.

 

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....