-0.2 C
Скопје
08:40 - 19 февруари, 2026

Касандра во Србија е опсипана со нови понуди: „Многу сум возбудена…“

Актерката Кораима Торес, која балканската публика ја засака како Касандра во истоимената серија, дојде во Белград на снимањето на серијата „Игра на судбината“, но српските медиуми известуваат дека таа добива понуди од различни рекламни компании.

– Има голем интерес за колумбиската дива. Таа успеа да се пробие на нашиот пазар и сега дури две продукции сакаат да соработуваат со неа. Ќе видиме дали ќе успеат да го постигнат тоа во овој краток временски интервал и да разговараат со неа за соработка, но сигурно е дека нема да се откажат. Се снимаат филмови и серии и има место за неа доколку се согласи да соработува и со други компании покрај оваа со која соработува моментално – вели изворот.

– Ви благодарам! Многу сум возбудена и среќна што сум тука – изјави популарната Касандра праќајќи бакнежи на белградскиот аеродром.

Познатата Колумбијка во Белград ќе престојува три дена, а нејзиното присуство на снимањето на серијата предизвика огромен интерес.

– Кораима остави длабока трага во срцата на публиката кога ја глумеше Касандра. Многумина се сеќаваат на нејзиниот впечатлив карактер и емоциите кои ги пренесуваше на екранот. Кога првпат предложив дека би било одлично да ја донесам Кораима во „Игра на судбината“, сите беа за – изјави актерката Александра Белошевиќ, која меѓу првите ја предложи идејата за нејзината колешка од Колумбија.

принтскрин фејсбук

Ова не е првпат Касандра да ја посети Србија, таа беше во Белград во 1997 година, кога серијата „Касандра“ беше најгледана во земјите на поранешна Југославија, а во Македонија глумицата дојде во 1998 година.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....