3.8 C
Скопје
23:51 - 20 декември, 2024

Кајли Миног: Тажна сум, но не можам да му се препуштам на очајот

Популарната „џебна Венера“ извојувала една од најтешките битки во животот – ракот на дојка, но не можела да се оствари во улогата на мајка.

Иако не може да се каже дека Кајли Миног не беше баш популарна, особено во 2000-те кога го објави хитот „Can’t Get You Out of My Head“, многу нејзини фанови сè уште мислат дека таа е потценетa пејачка.

Изгледот пред пеењето

Миног беше долго во центарот на вниманието, најмногу поради изгледот. Менаџерите и издавачките куќи немаа никаков проблем да ја промовираат како „сексапилната џебна Венера“. Кога во 2000 година ѝ се врати на поп-музиката со синглот „Spinning Around“, медиумите не престанаа да пишуваат за нејзиниот задник во минијатурните златни шорцеви.

Instagram

Но, изгледот и пеењето не беа единствените таленти на оваа легендарна пејачка. Кариерата ја започнала како дете, а првпат била забележана во популарната сапуница „Соседи“ која се прикажуваше во Австралија и Велика Британија од 1986 до 1988 година. Штом завршило снимањето на серијата, Кајли одлучила да ѝ се посвети на музиката. Првиот албум кој го сними излезе под едноставен назив – „Кајли“.

Instagram

Тешка дијагноза на 36 години

За жал, една година подоцна, дошле лоши вести во животот на Миног. Таа пронашла грутка во дојката, но лекарите ја уверувале дека сè е во ред. Имала само 36 години и дотогаш немала поголеми здравствени проблеми. Сепак, побарала второ мислење и тогаш ѝ била потврдена дијагнозата на рак на дојката.

Се сеќавам дека ја дознав дијагнозата, но никој во светот сè уште не знаеше за тоа. Разговарав со мојот брат и тогашното момче во лекарската ординација. Сите бевме во неверување и одлучивме да одиме на кафе. Келнерот нè поздрави со типичното: „Еј, како сте денес?“. Сите некако му одговоривме дека сме добро и му се заблагодаривме на прашањето како да сме роботи. Во тоа време мислев дека навистина не мора да се знае низ што некој проаѓа. Но, помислив и дека истата личност утре ќе го отвори весникот и ќе каже: „Ох Боже, вчера беше тука, а ние не знаевме…“, рекла Кајли во неодамнешното интервју.

Instagram

По дијагнозата следела операција, а подоцна и хемотерапија. Во февруари 2006 година, пејачката ја објави победата над тешката болест. Целата ситуација го променила нејзиниот поглед кон животот.

Тоа е голема промена: пред и потоа. Сега, со оглед на ситуацијата со коронавирусот во светот, многумина велат дека ова е „новото нормално“, но мислам дека откако ќе успеете да го победите ракот или некоја друга болест која може да ви го промени животот, само мора да се прилагодите. Животот е низа предизвици и мора да се стремите да искусите што повеќе добри работи. Во моментов навистина чувствувам дека животот се состои од моменти, а има многу моменти кои се добри и треба да ги славиме, бидејќи ќе ги искусите и добрите и лошите – рекла Миног.

Instagram

Една желба не ѝ се оствари

Една од полошите работи што ѝ се случиле како последица на тоа што имала рак толку млада, е тоа што не може да има деца. Кајли сега има 52 години, а до дијагнозата немала деца.

Сите велат дека постојат опции, но не сум сигурна. Сега сум во 50-те години од животот и имам малку поинаков поглед кон животот. Не можам да кажам дека не ми е жал и секако дека сум тажна, но не можам да му се препуштам на очајот. Секако се дека прашувам како би изгледало да имам деца или сега по некое чудо да забременам. Не знам дали воопшто би можела да се снајдам – открила Миног.

Instagram

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....