6.8 C
Скопје
08:21 - 1 април, 2026

Јелена Томашевиќ за трагедијата во Кочани: „Нека им се светли патиштата Господови на членовите на ‘ДНК’“

Пејачката Јелена Томашевиќ се огласи по страшната трагедија што ја потресе Македонија, за разорниот пожар што го зафати ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

Таа се прости од трагично загинатите членови на бендот „ДНК“, меѓу кои и тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, познат како Џоко.

„Почивај во мир, драг Џоко! Нека се светли патиштата Господови за тебе и за членовите на твојот бенд ‘ДНК’, како и за сите кои прерано заминаа со тебе во царството небесно. Тага до небо во мојата сакана Македонија! Длабоко сочувствувам со вас! Моето искрено сочувство до сите семејства на настраданите и до сите граѓани на Македонија“, напиша Томашевиќ на Инстаграм, споделувајќи фотографија со Ѓорѓиев.

Да потсетиме, вчера се случи една од најголемите трагедии во историјата на Македонија – разорен пожар го зафати ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани за време на концертот на музичката група „ДНК“ и, според официјалните информации, загинаа најмалку 59 лица, а бројот на хоспитализирани достигна 155.

Огнената стихија избувна во преполниот клуб во утринските часови, а според сведоците, пожарот брзо се проширил, оставајќи малку време за бегство.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....