10.8 C
Скопје
22:13 - 3 април, 2026

Јелена Розга ужива во љубовта: „2024 година ми беше навистина одлична!“

Хрватската пејачка Јелена Розга имаше исклучително успешна година. Нејзините песни „Лавица“ и „Од чега сам ја“ беа наградени со музичката награда „Цесарица“, а нејзините концерти беа распродадени низ целиот регион.

Минатиот викенд, таа беше дел од десетте изведувачи на концертот „Хрватска ноќ“ во Франкфурт и во таа прилика откри по што ќе ја памети 2024 година.

„Ќе ја паметам по многу убави концерти и по љубов. Среќна сум и никогаш поисполнета. Беше навистина добра година за мене“, изјави Розга за „24 сата“.

„Одам кај мене дома, ќе седнам на брегот, ќе јадам и ќе пијам кафе. Се надевам дека времето ќе биде убаво и така ќе бидам со часови, а можеби и ќе фатам некоја боја“, изјави пејачката.

Новинарската екипа на „24 сата“ ѝ го постави прашањето: „Како ти изгледа списокот со желби за 2025 година?“.

„Само здравје и толку! Сè друго ќе си дојде на свое. Вредна сум, сакам да пеам, ја сакам својата работа повеќе од сè на светот. Само нека ме служи здравјето“, заклучила таа.

Слични објави

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.
Се вчитува....