13:36 - 5 декември, 2025

Јелена Карлеуша ѝ одговори на Милица Павловиќ: „Луѓето порано или подоцна го покажуваат своето вистинско лице…“

Јелена Карлеуша им се заблагодари на своите фанови и нагласи дека нема потреба да ја бранат од Милица Павловиќ, затоа што таа за неа е небитна.

Пејачката Милица Павловиќ на промоцијата на својот документарен филм проговори за прекинот на пријателството со Јелена Карлеуша, што предизвика бројни реакции кај фановите на Карлеуша на социјалните мрежи.

Карлеуша им се заблагодари што застанале во нејзина одбрана, но истакна дека за тоа нема потреба бидејќи за неа Милица е небитна, исто како и многумина кои поради нејзините јавно изнесени ставови ѝ свртеле грб.

„Добро е кога луѓето порано или подоцна ќе го покажат своето вистинско лице, а во овој период многумина тоа го направија. Таа не е ништо поинаква од другите таканаречени колеги, соработници и ‘пријатели’. Последниве неколку години, поради моите ставови, многумина ми свртеа грб, ми забодија нож во грбот и на моето добро возвратија со зло. Списоците би ве шокирале.

Од соработници кои сум ги прославила, многу пријатели кои со години и децении сум ги издржувала, облекувала, лечела и им давав леб во раце, сум рекламирала фризерски салони, брендови, од пејачи кои сум ги бранила како лав и им помагала да успеат… Еј! Луѓето се п**ки. Па човекот кому му родив две деца се приклучи на линчот и навредите, што да очекувам од другите.

Тешко е кога здружено ви ги бришат социјалните мрежи за да не можете да се браните од напади, па почнуваат да ве линчуваат и убиваат во толпа. Тогаш се силни. Да, тешко е кога по 30 години кариера некој на концерт ви довикува ‘курво’ и полицијата ве штити за да не дојде до вас да ве повреди бидејќи имате поинакво мислење. Да, тешко е кога сте сами и немате ниту помош ниту поддршка, а имате две деца кои ги одгледувате преправајќи се дека сè е супер. Да, тешко е, но не е нешто што јас веќе безброј пати не сум го доживеала и преживеала. И сега ќе го преживеам. А сите тие порано или подоцна доаѓаат кај мене на покајание… животот ме научи на тоа“, заклучи Карлеуша.

Слични објави

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо
Се вчитува....