7.8 C
Скопје
23:04 - 31 март, 2026

Ја откажа турнејата, но не е сè така црно – Џастин Бибер пред договор тежок 200 милиони долари

Џастин Бибер е многу блиску до договор за продажба на своите музички права на Hipgnosis Songs Capital за речиси 200 милиони долари, потврдија извори за „Вараети“, а веста за која се шпекулира со недели први ја објавија „Хитс“ и „Волстрит џурнал“.

Договорот, за кој изворите велат дека сè уште не е финализиран, ги вклучува интересите на Бибер во неговиот издавачки и снимен музички каталог, кој наводно ќе продолжи да биде управуван и во сопственост на „Јуниверзал“, дури и по склучување на договорот.

Веста доаѓа во тежок момент за пејачот, само неколку недели по откажувањето на преостанатите настапи од турнејата Justice на неодредено време следната година. Турнејата, која првично требаше да почне во 2020 година, беше одложувана неколкупати, првично поради пандемијата, а неодамна по неговата борба со синдромот Ремзи-Хант, редок вирус, кој во неговиот случај предизвика парализа на лицето.

Каталогот на Бибер, иако содржи некои од неговите хитови во последните 15 години, помалку е вреднуван од некои други, како оној на „Џенезис“ и Фил Колинс, кој беше продаден за 300 милиони долари претходно оваа година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....