8.8 C
Скопје
20:19 - 12 март, 2026

„Ја доживеав смртта, а потоа ме вратија назад“: Шерон Стоун отворно за новата „реинкарнација“ по тешкиот мозочен удар

Ѕвездата од „Основен инстинкт“ заработи значајно богатство преку нејзината успешна филмска кариера, но откако преживеа крвавење во мозокот по кое следуваше закрепнување, вели дека еден период останала без пари.

Познатата американска актерка Шерон Стоун останала без ништо кога се опоравила од мозочниот удар што го доживеа во 2001 година и покрај тоа што во тоа време можеше да акумулира огромна сума пари, пренесува Мирор.

66-годишната холивудска актерка Шерон Стоун изјави дека го изгубила целото свое богатство од 18 милиони долари по страшната болест. Според неа, мозочниот удар целосно го променил нејзиниот светоглед.

„Целосно. Сто проценти. Будистички монах ми кажа дека сум реинкарнирана во моето старо тело. Ја доживеав смртта, а потоа ме вратија назад. Имав крвавење во мозокот девет дена. Сè ми се смени, моето сетило за мирис, моето сетило за допир, јас бев мртва, па оживеав “, сподели актерката.

Таа откри и како луѓето ја искористувале во овој ранлив период:

„Луѓето ме искористија во тоа време. Имав 18 милиони долари благодарение на сиот мој успех, но кога се вратив назад и ја проверив мојата банкарска сметка, сè снема. Дури и мојот фрижидер, мојот телефон – сè беше на име на други луѓе, немав пари“.

инстаграм

Стоун, која се врати на актерството во доцните 2000-ти, а исто така продолжи со втора кариера како уметница, мораше да научи да живее во моментот, и сосема да се ослободи од гневот кон другите.

Таа го изрази својот инспиративен став:

„Решив да останам овде и сега и да се ослободам од сите незадоволства. Решив да не се држам до болеста, до горчината или до гневот. Ако го гризнеш семето на горчината, тоа никогаш нема да те остави. А ако веруваш, дури и кога таа вера е колку синапово зрно, ќе преживееш, па сега живеам за мојата цел“.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо
Се вчитува....