10.8 C
Скопје
23:59 - 3 април, 2026

Ивана Кнез искрена: Не успеав во животот – имам кариера, но немам деца

Македонската дизјанерка Ивана Кнез сподели моќна објава по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

Во својот текст, таа вели дека е богата, а сепак не успеала во животот.

„Мамо, јас сум богат човек.

Не успеав. Имам кариера, имам сè што ми треба, по толку големи борби имам и здравје, се имам сама себе, но немам партнер и немам деца.

Не успеав. Не успеавте ни вие што се омаживте за да исполните општествена квота или да задоволите туѓи стандарди за среќа, не успеавте ни вие што родивте деца за да задржите маж, ниту вие што останувате во брак за да не сте сами.

Фото: Инстаграм/Ивана Кнез

Успеа жената која најде баланс, која знае што ја прави среќна, која се радува на малите работи во животот, која секој ден е благодарна што се буди покрај познато лице, која едвај чека да помине време со детулето откако ќе се врати исцрпена од работа.

Успеа жената која не се расправа со суета и его, која живее за миговите поминати со пријателите.

Успеа жената која се бори за својот партнер исто како што се бори сама за себе, која не се срами и која не се плаши да побара сè што овој живот има простор да ѝ даде.

Фото: Инстаграм/Ивана Кнез

Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и да си врзам два шамара за да се освестам и да си признаам дека е магија да си жена на која ѝ е потребно сè.

Кревка и кршлива, ама кога ќе ја избрусиш, животов ќе го претвори во блескав дијамант.

Среќен интернационален ден на жените, секој ден е, сè додека успеваме да ги живееме нашите соништа без страв од кршење“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....