06:14 - 5 април, 2026

Инцидент во Софија: Крадец се забил со автомобил во автобусот на Цеца

Српската фолк пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца синоќа одржа концерт во најголемата концертна сала во Бугарија – Арена Софија.

Нејзиниот настап ги воодушеви бугарските обожаватели, кои ѝ подарија бугарско знаме на кое пишува: „Цеца, Бугарија те сака“. Овој гест ја разнежни пејачката, па не можеше да ги сокрие своите солзи радосници.

„Драги луѓе, ви благодарам за оваа љубов која трае со децении. Јас ја чувствувам вашата љубов, а се надевам дека и вие ја чувствувате мојата. Ние ќе се дружиме уште многу години, а следната година ве поканувам да дојдете на Ушќе и да си поминеме супер. На здравје“, им рече Цеца.

Фото: Инстаграм/Теди Великина

По завршувањето на концертот, бугарскиот медиум „БНТ њуз“ извести дека дошло до инцидент во центарот на Софија, односно дека крадец на автомобил се забил со автомобил во луксузниот автобус на Цеца.

Откако го нападнал полицискиот службеник, кој се обидел да го уапси, крадецот ја скршил бариерата на подземниот паркинг во деловниот центар „Милениум“ и притоа удрил во неколку автомобили. Меѓу нив бил и автобусот на Цеца, која била сместена во хотелот „Гранд Хотел Милениум“.

На обиколницата, крадецот на автомобили го запалил украдениот автомобил што го возел и избегал. Потрагата по него е во тек.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....