Сигурно повеќето од вас се сеќаваат на пејачката Оливера Ѓоргоска која пред неколку години ја напушти Македонија и се пресели во Америка за да продолжи да ја гради својата музичка кариера.
За жал откако си замина во Америка, Оливера повеќе не сними ниту една песна на македонски јазик, но сепак остана во музичките води.
Но, од неодамна, Ѓоргоска почна да се занимава и со нешто сосема друго.
Честопати таа на социјалните мрежи споделува пренкови во кои токму таа е главната улога и истите се прегледувани по неколку милиони пати.
Погледнете дел од нив: