12:30 - 5 декември, 2025

Илон Маск на состанокот со вработените во „Твитер“ најавил намалување на работните места

Мултимилијардерот Илон Маск на состанокот со вработените во „Твитер“ навестил потенцијално намалување на работните места доколку неговата понуда за преземање на социјалната мрежа од 44 милијарди долари се спроведе успешно.

Тој исто така се осврнал на темите како што се работа од дома, слобода на говор и потенцијален вонземски живот. Ова е прво обраќање на Маск пред персоналот откако ја објави својата понуда за преземање во април, јавува Би-Би-Си.

Тој рече дека може да се повлече од договорот доколку не му бидат доставени информации за лажни профили.

За време на видео конференцијата со вработените во Твитер, Маск рекол дека отпуштањата во Твитер ќе зависат од финансиската состојба на компанијата.

„Компанијата треба да се опорави. Во моментов трошоците ги надминуваат приходите“, рече Маск, а потоа додаде: „Секој кој значително придонесува не треба да биде загрижен“.

Тој, исто така, изјавил дека претпочита да се работи од канцеларија, освен ако „некој е навистина исклучителен“. Сепак, тој не открил ништо ново за преземањето на компанијата, а вработените на „Твитер“ на каналот за внатрешна комуникација потоа го изразиле своето разочарување од неговите ставови за бизнисот и платите на вработените.

Маск, инаку шеф на производителот на електрични возила Тесла и ракетната компанија SpaceX, исто така зборувал за можноста за живот надвор од Земјата, иако рекол дека не гледа „вистински докази за постоење на вонземјани“.

„Можеме ли да патуваме во други ѕвездени системи и да видиме дали има вонземски цивилизации? прашал Маск, додавајќи дека платформата може да помогне во развојот на „цивилизацијата и свеста“.

Без оглед на настаните со „Твитер“, група вработени во SpaceX, чиј извршен директор е Маск, го нарекоа „чест извор на нарушување и срам“ во внатрешно писмо до лидерите на компанијата.

На почетокот на јуни, Маск се заканил дека ќе се откаже од преземањето и го обвини Твитер за „мешање“ во неговите барања за да дознае повеќе за базата на корисници. Во писмото до регулаторните органи, тој напишал дека има право на сопствени стандарди кога станува збор за лажни профили.

Писмото го официјализира спорот што тлее со недели откако Маск рече дека договорот е „на чекање“ додека се чекаат дополнителни информации.

Акциите на Twitter вчера вредеа 37,36 долари на Њујоршката берза, далеку под понудата на Маск од 54,20 долари.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....