5.8 C
Скопје
07:31 - 1 април, 2026

И во седмата деценија од животот, на Дорис Драговиќ не ѝ недостасува енергија: Сами одлучуваме во која насока ќе оди нашиот живот

Дорис Драговиќ е една од најценетите и најомилени пејачки во регионот, која е присутна на сцената повеќе од четири децении. И ова лето го поминува работно, споделувајќи емоции и радост со своите обожаватели на секогаш добро посетените концерти. По 16 години, наскоро ќе биде објавен новиот албум на харизматичната дива. Таа зборуваше за него и за некои делови од нејзиниот приватен живот, пренесе Tportal.hr.

Новиот албум на Дорис Драговиќ го потпишува Иван Хуљиќ, а познатата сплиќанка признава дека малку се двоумеле“ и дека летото не е баш погодно за презентација на нов материјал“ и дека со првите малку помирни“ денови и тоа ќе дојде на ред.

Таа е во својата седма деценија од животот, но не ѝ недостасува енергија. Смета дека тоа е Божја волја и дека ќе работи сè додека има смисла“. Благодарна е, вели, за секој ден, за секоја година. Нејзината најголема поддршка е нејзиниот сопруг Марио Будимир, поранешен легендарен капитен на ватерполо клубот Јадран, со кого е во брак повеќе од 35 години и го имаат синот Борна.

Она што мора да го знаеме и што е дефинитивно е дека ние самите одлучуваме за сè. И ако не ни изгледа така, и ако понекогаш ни е лесно да кажеме тој е виновен, таа е виновна, не сум јас“, ние сме сами во тоа. Одлуките се наши, ние одлучуваме во која насока ќе оди нашиот живот, колку цврсто ќе ги држиме јажињата кога ќе стане тешко. Тоа е наша волја, наш избор“, изјави таа за In Magazin.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....