11:35 - 4 април, 2026

(Видео) Хитот кој go отпеа Џејла Рамовиќ всушност бил наменет за победникот на „Ѕвездите на Гранд“

Верувале или не, песната „Спарта“ во изведба на Џејла Рамовиќ првично била наменета за нејзиниот колега Мирза Селимовиќ, кој сепак, не ја прифатил.

Иако песната стана огромен хит, Мирза, признава тој, сметал дека едноставно не е соодветна за него.

– Песната „Спарта“ ја слушам веќе една година, во верзијата на Милица Тодоровиќ. Џејла слушнала за неа преку наша заедничка пријателка, по што ме контактирале за да видат дали сум заинтересиран. Кога се обидов да ја отпеам, сфатив дека има премногу женска емоција и енергија. Тогаш реков дека Џела ќе ја испее таа песна и бев во право – изјави Селимовиќ за Гранд.

Тој нагласи дека не се кае за својата одлука. Напротив, денес е горд на успехот на својата помлада колешка.

– Сите песни што ги снимив, освен оние од првиот албум, морав да ги барам, да се борам за нив. Важно е да препознаете добра песна, да имате шмек и да пеете што можете да почувствувате. Публиката веднаш препознава кога не сте искрени. Затоа е најважно да се внесете себеси во песната, бидејќи луѓето можат да го почувствуваат тоа – заклучи пејачот.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....