19:14 - 11 ноември, 2026

Хаос пред концертот на Дино Мерлин — стотици посетители извикуваа „Дино, крадецу“

По 11 години, Дино Мерлин повторно настапи на стадионот „Кошево“ во Сараево, отворајќи го првиот од трите распродадени концерти. Сепак, свечената атмосфера беше засенета од хаосот пред влезовите, каде што стотици посетители не успеале да влезат на стадионот.

Како што пренесува порталот „Фокус“, разочараните посетители, меѓу кои имало и луѓе што допатувале од други градови, неколку минути извикувале „Дино, крадецу“, по што се разотишле.

Засега не е познато дали проблемот настанал поради дуплирани билети што ги продавале препродавачи или станува збор за организациски пропуст. Се очекува во наредниот период да бидат познати повеќе детали.

И покрај инцидентот, Мерлин го започна концертот со емотивно обраќање до публиката.

„Не е баш лесно да се пее и да се одржи концерт толку блиску до дома. Јас сум роден на овој рид и сè уште сум со папочната врвца врзан за овој град, за неговите мириси, ѕвона, езаните и сè она што ме обликуваше. Ви благодарам што ми овозможивте да се чувствувам вака, толку блиску до дома“, рече пејачот.

Концертот беше проследен со огномет, впечатливи сценски ефекти и настап на гостинот Махир Битхаус за време на изведбата на песната „Средином“. Во текот на вечерта на видеобимовите беа прикажани и архивски фотографии од предвоено Сараево.

Слични објави

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо
Се вчитува....