11:36 - 6 април, 2026

Халид Бешлиќ ослабна 20 килограми: „Престанав да пушам, а се ослободив и од алкохолот“

Босанскиот пејач Халид Бешлиќ за „Ин магазин“ откри дека ослабел 20 килограми и дека престанал да пуши.

„Имав 125 килограми, па 115 и сега имам 105 и останав на оваа килажа, а треба да имам 90 килограми. Наеднаш се здебелив, па тоа малку ме оптерети. Престанав да пушам, затоа се здебелив толку многу“, рекол тој.

„Имав проблеми со вените и артериите, ставив два стента. Малку се ослободив и од алкохолот, па сега сум фит и можам да пеам. Разбудете ме среде ноќ, можам да пеам”, тврди пејачот.

Тој и неговата сопруга Сејда се во брак 45 години и имаат еден син. Тие сакале да имаат уште деца, но Сејда не можела да остане бремена.

„Докторот погрешно дијагностицираше дека е бремена, но не беше – имаше тумор на јајниците. И кога отиде на втор преглед, ѝ го открија и ја оперираа, но не можеше повторно да забремени. Ако откриевме на време и ако останеше со еден јајник, ќе можеше. И така останавме со едно дете“, откри Халид.

Затоа во центарот на неговиот свет се неговите 10-годишни внуци, близнаците Ламија и Белмин Кан, кои живеат со своите родители во Германија.

„Што може да биде подобро од дедо? Внукот Белмин вели: ‘Мамо, купи ми го тоа’. Мајка му му одговара: ‘Немам пари’, а тој ѝ вели: ‘Дедо има пари’. Јас само го гледам тоа и велам: ‘Дедо има’ (се смее). Внуката сака да танцува, свиреше и виолончело, сака да пее, малку е срамежлива, а сега што ќе се случи, појма немам. Во суштина, таа е музикална. А внук само – Роналдо и Меси. Него го запишав на фудбал“, изјави Бешлиќ.

Слични објави

Мелани Тарлчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....