04:23 - 3 април, 2026

Гоца Тржан без влакна на јазикот: Сексот во 50-те е најдобар!

Пејачката Гоца Тржан, која е во среќен брак со 14-годиши помладиот Радомир Новаковиќ Раша, открива дека, откако наполнила 40 години и влегла во петтата деценија од животот, ужива уште повеќе да води љубов, иако претходно била убедена дека таквото уживање е резервирано за некои помлади години.

– На оваа возраст, сексот ми е подобар од кога и да било во мојот живот. Кога влегов во педесеттите години си помислив дека нема да биде така. Се водев од фактот дека во кревет ќе бидам најдобра во дваесеттите и триесеттите години. Бидејќи сум позрела, не се осмелувам да имам секс на јавно место, но тоа го сакав кога бев помлада“, призна Гоца во интервју за српски Телеграф и продолжи:

– Јас не преземам такви ризици, пред сè, затоа што ќерка ми порасна, и второ, не би сакала да ме фатат. Јас нормално разговарам со ќерка ми за овие работи затоа што сметам дека се важни, особено додека таа се развива. Родителите не им се посветуваат на своите деца во ваквите теми и тоа е проблемот. Затоа имаме толку многу абортуси колку што имаме. Раша вели дека не гледа порно, но верувам дека секој маж гледа, без разлика дали е оженет или не. Тој нема да го признае тоа, но сигурна сум дека тоа го прави“, убедена е Гоца.

Инаку, пејачката и нејзиниот помлад сопруг веќе некое време го снимаат реалното шоу „Мојот совршен брак“, во кое не се двоумат да ги откријат ниту најинтимните работи од брачниот живот.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....