15:40 - 5 декември, 2025

Гоца Тржан со длабока тага прозборе за смртта на Тоше: Не можев да одам на погреб, имав мало бебе, тоа беше голем стрес за мене

Нашиот Тоше Проески трагично загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, а неговата пријателка и соработничка, српската пејачка Гоца Тржан искрено и со длабока тага се присети на болната загуба.

Гоца се присети на нивната соработка на песната „1200 милји“, а потоа и на моментот кога дознала за несреќата во која животот го загуби нашиот Тоше Проески.

Пејачката во емисијата „Премиера викенд специјал“ раскажа дека за смртта на Тоше дознала од пријателка кој ѝ рекла дека видела видео од местото на настанот.

„Тогаш штотуку родив. Лена имаше два, три месеци. Ми се јави пријателка од Загреб со плачење. Ме праша: „Дали е вистина дека Тоше починал?“… Ѝ реков: „Не тропај глупости, како тоа починал?!“. Таа ми кажа дека е вистина, го видела видеото како го извлекуваат од под камионот во близина на Градишка. За жал, тогаш не можев да одам на погреб затоа што имав мало бебе, тоа беше голем стрес за мене“, се присети балканската ѕвезда…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

„Никогаш нема да заборавам дека отидов во македонската амбасада да се потпишам во книгата на жалост. После неколку години работев во Прилеп и спиевме во неговиот роден град. Тогаш отидов во Музејот и на неговиот гроб. Некако се збогувавме ние двајцата. Имав голема привилегија кога ја пеев песната „1200 милји“. Затоа мислам дека луѓето кои биле толку сакани и талентирани никогаш не умираат“, заклучи таа, пренесува „SD“.

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....