06:49 - 4 април, 2026

Гитарата на Курт Кобејн продадена за рекордни 6 милиони долари

Акустична гитара на која свирел фронтменот на „Нирвана“, Курт Кобејн, на незаборавниот концерт од серијата „Ем-ти-ви анплагд“, е продадена на аукција за рекордни 6,1 милион долари, објави аукциската куќа „Џулиен“ во саботата вечер.

Гитарата „мартин Д-18Е“ од 1959 година е продадена во рамки на дводневната аукција „Музички икони“, одржана во петокот и саботата.

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кобејн свирел на неа на снимањето во живо за Ем-ти-ви во ноември 1993 година, пет месеци пред неговата смрт во април, на возраст од 27 години.

Почетната цена на гитарата била еден милион долари, но од „Џулиен“ рекле дека интересот за неа бил огромен. Таа на крајот му припаднала на австралискиот бизнисмен Питер Фридмен за 6,1 милион долари, што претставува нов светски рекорд за продадена гитара. Гитарата е продадена заедно со оригиналниот куфер.

– Како дел од една од најнезаборавните свирки во историјата, оваа гитара има важно место во историјата на рокенролот – изјавил Дарен Џулиен, претседателот на аукциската куќа

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....