09:13 - 7 април, 2026

Генијалниот твит на Грета Тунберг со кој го прослави полнолетството

Instagram

Светски познатата шведска активистка Грета Тунберг во неделата наполни 18 години, а роденденот го одбележа со иронична објава на Твитер.

Откако им се заблагодари на илјадниците добри желби за нејзиниот 18-ти роденден на социјалните мрежи, Тунберг реши да објави малку теории на заговор за себе на Твитер, кои ескалираа откако таа стана глобална активистка на 15 години со нејзината борба против климатските промени, пренесува Дневник.хр.

„Вечерва може да ме пронајдете во еден локален паб каде ги откривам сите мрачни тајни кои стојат зад теориите на заговор за климатските промени и штрајкот во училиштето, како и за моите злобни шефови кои повеќе не можат да ме контролираат! Конечно сум слободна !! “, напиша Тунберг во соопштението, со приложената фотографија на која таа позира со подигнат палец во маица на која пишува „ Flat Mars Society “.

Тунберг се стекна со светска слава како тинејџерка која е гласен активист во борбата против климатските промени, честопати повикувајќи ги светските лидери, држејќи говори во најголемите меѓународни институции и давајќи бројни големи интервјуа за најголемите светски медиуми.

Тунберг веќе беше номинирана за Нобелова награда за мир – двапати.

Сепак, нејзината слава беше причина за бројни критики, од кои главната е дека таа е само марионета во рацете на истите мултинационални компании и политичари кои обожава да ги именува и критикува во јавноста.

Нејзината објава за роденденот на Твитер се фокусираше на тие критики и теории на заговор.

Слични објави

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....