7.8 C
Скопје
22:47 - 1 април, 2026

Гандалф од „Господар на прстените“ се вакцинираше против коронавирусот на 81 година!

Instagram

Британскиот актер Јан Мек Келен (81), кој го играше волшебникот Гандалф во филмовите „Господар на прстените“, рекол дека е воодушевен откако ја примил првата доза на вакцината „Pfizer“ против коронавирусот и повикал јавно сите да се вакцинираат.

Profimedia
Profimedia

Скоро 140.000 луѓе досега ја примиле првата доза на вакцината „Pfizer“ во Велика Британија од почетокот на вакцинацијата на 8 декември, а лицата над 80 години се во групата со најголеми приоритети. Државната национална здравствена служба (НХС), која ја спроведува британската програма за масовна вакцинација против коронавирусот објавила неколку фотографии од Мек Келен на Твитер додека ја примал вакцина.

„Ова е многу посебен ден. Се чувствувам еуфорично“, рекол 81-годишниот актер во објавата на NHS, која самиот ја „ретвитна“ и додаде: „Без двоумење, би му препорачал на секому. Многу сум среќен што ја примив вакцината “.

Мек Келен, кој светска слава ја постигна во 2000 година кога се појави како Гандалф во филмови базирани на романите на R.Р.Р. Толкин, а во режија на Питер Џексон, е уште една позната личност во Велика Британија која објави дека ја примила вакцината, како дел од колективните напори да ја убеди јавноста за безбедноста на вакцината.

Не е познато дали кралицата Елизабета (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) веќе ја примиле вакцината. „Times“ објави дека тие може да „дадат до знаење“ кога веќе ќе го сторат тоа. Кралицата е многу почитувана во Велика Британија и нејзината порака ќе биде моќна поддршка во борбата против дезинформациите против вакцинацијата, според Ројтерс.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....