08:25 - 16 ноември, 2026

(ФОТО) ОЛИВЕРА БАЛАШЕВИЌ ГИ ОТСТРАНИ СИТЕ СПОМЕНИ ОД ЃОРЃЕ: Го промени презимето и се огласи!

оливера

Вдовицата на покојниот пејач за кој сè уште тагува целиот Балкан, Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера Балашевиќ, крена прашина во јавноста кога ја забрани работата на „Balašević Tribjut Bend“ и нареди да се отстранат сите видеа посветени на нејзиниот покоен сопруг. Оливера дури го забрани видеото од збогувањето на Кејот во Нови Сад и епизодата на „Državnog posla“ во чест на кантавторот, пренесува „Пинк“. Покрај тоа, таа од својот „Инстаграм“ профил ги избриша сите заеднички фотографии со Џоле, а на потписот на новата книга „Planeta dvorišve“ го стави моминското презиме Савиќ.

На многумина не им беше јасно што се случува, а потоа Оливера се огласи на „Инстаграм“:

– На корицата од книгата што е причина за моето огласување стои презимето Савиќ, моминското презиме, и презимето на мајка ми, што ме чуваше во годините раскажани на страниците што следат… Го ставив таму од почит, наместо посвета и малку од суеверие, не баш како зајачка шепа, туку како крило на ангел кој толку совесно чувал куќа во близина на Бегеј…

– Значи, нема никаков скандал, дури ни мистерија околу тоа, или нешто што би можело да им конкурира на „задругите“ и короната во медиумите, во неколкуте преостанати весници и на таканаречените портали. Кога ќе се случи поради некоја причина да станете таканаречена „јавна личност“, најчесто ве поистоветуваат со „јавна сопственост“, па така се однесуваат со вас. Само ми олесна кога видов дека никој не објавил ништо за моите деца, за моето семејство, а со тоа и за мене, или за екстремниот недостиг на теми во оваа книга. Вистина е дека објавувањето вести главно се сведува на емитување од нечии лични објави на социјалните мрежи, но и овде има силни случајни и намерни грешки, малку од лигавост, малку повеќе од злоба…

(ФОТО) ВО ДОМОТ НА ОЛИВЕРА БАЛАШЕВИЌ: Топлина и рустикален стил споделени со Џоле

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....