02:44 - 12 април, 2026

(ФОТО) ЖЕЉКО САМАРЏИЌ ЈА ПОКАЖА СОПРУГАТА: Убавицата ретко се појавува во јавноста

жељко самарџиќ

Пејачот Жељко Самарџиќ објави фотографија на својот „Инстаграм“ профил на која позира во друштво на сопругата Маја, која ретко ја покажува на јавноста, по повод годишнината.

„Јас и Маја славиме 44 години заеднички живот. 10 октомври 1997 година, а како вчера да беше“, напиша тој во описот на фотографијата на која тие се насмеани и држат огромен букет цвеќе.

Самарџиќ во неколку наврати јавно проговори за атмосферата во бракот.

„Се разбира, не ни цветаа рози и животот не нè галеше, но, на крајот на краиштата, куќа полна со деца и љубов е благослов на кој никој не може да остане рамнодушен“, изјави во една прилика за српскиот магазин „Hello“.

Имаат две ќерки Данијела и Миња, а во текот на осумдесетите нивниот син починал додека бил бебе, но за тоа не сакаат да зборуваат.

Ќерката Миња очекува бебе и за неколку недели Жељко и Маја ќе станат баба и дедо. Жељко едвај чека да влезе во таа нова фаза на неговиот живот и пишува нетрпеливи коментари на сите објави на „Инстаграм“ на Миња.

(ФОТО)ЖЕЉКО САМАРЏИЌ САМО ШТО НЕ СТАНАЛ ДЕДО: Миња објави фотографии од бременоста и ги разнежни сите

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....