15:05 - 3 април, 2026

(Фото) За Мараја Кери, жената што инспирира излезе стрип пред Божик

Мараја Кери доби стрип кој го раскажува нејзиниот живот и кариера, објави „Тајделвејв комикс“.

Стрипот посветен на американската пејачка и актерка е дел од  серијалот Female Force („Женска моќ“), во кој се прикажуваат кариерите на многу успешни жени во својата дејност.

На 22 страници, стрипот ја раскажува приказната за детството на Мараја и нејзиниот пат до славата. Издавачот Дарен Г. Дејвис објасни зошто стрипот за неа е објавен токму сега.

„Нејзината приказна инспирира и затоа претпразничниот период е вистинско време да се најде во продавниците стрип посветен на кралицата на Божик, чиј хит од 1994 година, All I Want for Christmas Is You, веќе 25 години редовно се емитува на радио станиците и на адвентите.“

Во серијалот „Женска моќ“, суперѕвездите на кантри музиката Доли Партон и Лорета Лин и пејачките Барбара Стрејсенд и Стиви Никс добија свои стрипови.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darren G. Davis (@darrengd)

 

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....