12.8 C
Скопје
19:07 - 3 април, 2026

(Фото) Виктор витка сарми, внук му асистира: Лепа Брена го слави Архангел Михаил, на гостите им спремаат богата трпеза!

Православните христијани денеска (21 ноември) го слават празникот свети Архангел Михаил, кој е значаен празник и во домот на музичката ѕвезда Лепа Брена.

Семејството Живојиновиќ секоја година го одбележува овој празник со богата трпеза, а подготовките во кујната започнаа уште од вчера. Бидејќи се познати како големи гурмани и љубители на готвењето, дел од храната што ќе им ја послужат на гостите вечерва ја подготвија самите.

Иако сите дадоа свој придонес, најмладиот син на пејачката Лепа Брена и поранешниот тенисер Слободан Живјоиновиќ најмногу се истакна со своите кулинарски вештини. Виктор беше посветен во правењето на сармите, а малечкиот внук Александар му асистираше во готвењето. За оние кои не знаат, малечкото момче е син на брат му Филип и пејачката Александра Пријовиќ.

Фото: Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

„Семејство Живојиновиќ, прекрасни сте!“, „Некој навистина го сака чичко му!“, „Вие сте чиста љубов, секоја чест“, „Нека ви е среќна славата, уживајте“, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи од воодушевените обожаватели.

Според содржината објавена на нивните инстаграм-профили, нивните гости ќе уживаат во одлично приготвена храна!

Фото: Инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Слични објави

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо
Се вчитува....