10:24 - 30 јануари, 2026

(Фото) Веридбата на година: Тејлор Свифт му кажа „да“ на Тревис Келси, на нејзината рака блесна голем дијамантски прстен

Тејлор Свифт и Тревис Келси официјално се верија. Двојката ја сподели радосната вест на Инстаграм со низа фотографии од чинот. На нив е забележан моментот кога Келси клекнува во градина со рози, како и фотографии на кои се гледа големиот дијамантскиот  прстен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Врската на Свифт и Келси е главна тема на дискусија откако првпат се појавија во јавноста во октомври 2023 година. Келси беше тој што го направил првиот чекор  јули 2023 година.

Келси во една прилика открил откри дека планирал да ѝ го даде на Свифт својот телефонски број кога таа ќе настапи на стадионот Ароухед во Канзас Сити, Мисури но не добил можност да го стори тоа.

По тој неуспешен обид, тој побарал помош од луѓе блиски до Свифт (вклучувајќи членови на нејзиното семејство) за да го привлече нејзиното внимание, што на крајот довело до тоа таа директно да го контактира. По краток разговор, двојката го имала својот прв официјален  состанок во Њујорк и, оттогаш се заедно без да се кријат од очите на јавноста и медиумите.

За потсетување, во февруари 2024 година, Свифт го сруши рекордот за најмногу освоени Греми награди за албуми на годината кратко пред да замине да го гледа Келси како го освојува Супербоулот во 2024 година против Сан Франциско. Истиот месец, Келси ѝ се придружи на Свифт на сцената на нејзиниот концерт „Eras Tour“ на стадионот Вембли во Лондон.

Слични објави

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо
Се вчитува....