12.8 C
Скопје
18:14 - 17 октомври, 2026

(Фото) Угина кучето на Јелена Розга, таа се прости со трогателни зборови и заеднички фотографии

Јелена Розга ја сподели тажната вест со своите следбеници на Инстаграм. Таа ги извести дека ѝ угинал саканиот миленик, кучето Ринго Стар, со кое поминала повеќе од една деценија.

Од него се прости со трогателни зборови и фотографии од нивните заеднички моменти.

„Златно мое момче… Таа студена зима во 2012 година во Сплит отидов да изберам кученце, но ти во таа кошница со своите браќа и сестри беше најупорен и скокна во моите раце. Ти мене ме избра, мој Рингиќу. Ми го промени животот, го збогати и секогаш ме пречекуваше радосен, мавташе со опашчето и ми даваше љубов и безброј бакнежи…“, напиша Розга.

Фото: Инстаграм/Јелена Розга

Таа откри дека во последниот месец нејзиниот миленик водел тешка борба, но на крајот мирно заспал во својот дом.

„Заспа таму каде што најмногу сакаш – во својот дом, во моите прегратки, љубејќи ме… Моја најголема љубов, сега трчај весел… Јади што и да посакаш, најди добро друштво и биди добар дечко кон сите, како што те научив, но не заборавај дека секогаш и засекогаш си само мој. Ми недостигаш, ме боли од тага… Засекогаш си мојот прекрасен златен дечко. Те сакам, Р“, додаде таа.

Фото: Инстаграм/Јелена Розга

Во коментарите, бројни следбеници ѝ упатија зборови на поддршка.

„Испраќам најголема можна прегратка“, „Љубовта што тие ти ја даваат е безусловна. Држи се“, „Ме расплака… Твојот златен дечко секогаш ќе биде во твоето срце“, пишуваа фановите, нагласувајќи дека Ринго имал најубав можен живот токму покрај неа.

Слични објави

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ ракажа се за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova
Се вчитува....