13:52 - 3 април, 2026

(ФОТО) ТОНИ ЦЕТИНСКИ: Среќен роденден Тоше! Ти и Аки повторно запејте ја „Есен во мене“

Во сеќавање нашиот Тоше Проески, неговиот голем пријател и колега, хрватскиот пејач Тони Цетински со своите обожаватели постојано споделува дека никогаш нема да го преболи заминувањето на неговиот пријател, соработник и колега.

Сеќавањето на македонскиот славеј Тоше Проески, кој остави неизбришлива трага во нашите животи со неговите музички дела, не згаснува ниту 15 години по неговата смрт. Неговиот живот прерано зграсна во тешка сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во 2007 година. Имаше само 26 години.


Да беше жив, денес, 25 јануари ќе го прославеше својот 41 роденден. Младото момче кое освојуваше со својата прекрасна насмевка го красеше скромноста, а секогаш нагласуваше дека најважно е љубовта да ги движи луѓето.


Во спомен на својот пријател, Цетински посвети пост на Тоше и Аки Ракимовски кој почина пред еден ден.

„Среќен роденден Тоше! Ти и Аки повторно запејте ја од длабочините на душата со вашите прекрасни гласови „Есен во мене“. Ве сакаме засекогаш, напиша Цетински на својот Инстаграм профил.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....