15:17 - 12 ноември, 2026

(Фото) Стефан Лазаров стана татко, се роди синот Лука: „Марта, ти благодарам за најубавиот подарок“

Македонскиот водител и јутјубер Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта станаа родители. На свет пристигна нивното прво дете, синот Лука.

Убавата вест ја сподели Стефан на социјалните мрежи, каде што ја објави и првата фотографија од новороденчето – малото ноџе на Лука.

Новиот татко ѝ посвети емотивна порака на сопругата и му посака добредојде на нивниот син.

„Денес добивме син… Марта, ти благодарам за најубавиот подарок што може еден маж да го добие. Добредојде Лука Лазаров“, напиша Стефан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)


Само кратко пред породувањето, Марта зборуваше за исчекувањето на првото дете и откри дека со нетрпение го очекува моментот кога конечно ќе го запознае Лука.

„Мајчинството за мене е нешто што сѐ уште не можам целосно да го замислам додека не го почувствувам. Мислам дека е една од најголемите промени во животот, но истовремено и една од најубавите. Едвај чекам да го запознаам Лука и да се запознаам себеси во таа нова улога со сите убави моменти, предизвици и лекции што ги носи“, изјави таа.

Парот уште за време на бременоста откри дека нивниот син ќе се вика Лука. Марта раскажа дека нејзината првична желба била името Леон, но по разговор со Стефан заедно се одлучиле за Лука.

Таа претходно откри и дека бременоста ѝ поминала лесно и дека речиси до самиот крај продолжила со вообичаеното секојдневие.

Стефан и Марта стапија во брак во 2023 година, а со раѓањето на Лука сега за првпат станаа родители.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....